Сојлу: Пристапувањето кон терористичката организација ПКК во 2020 година беше на најниско ниво

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу информира дека пристапувањето кон сепаратистичко-терористичката организација ПКК во 2020 година беше на најниско ниво дури и под она во 1984 година кога започна со терористичките акции

1556075
Сојлу: Пристапувањето кон терористичката организација ПКК во 2020 година беше на најниско ниво

 Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу на својот профил на социјалната мрежа Твитер под насловот "Точката до која е дојдено во борбата на Турција против ПКК" го сподели графиконот во врска со состојбата со приклучување кон сепаратистичко-терористичката организација ПКК во периодот 1984-2020 година. 

Министерот Сулејман Сојлу информира дека процентот на приклучување кон сепаратистичко-терористичката организација ПКК во 2020 година е дури и под оној во 1984 година кога сепаратистичко-терористичката организација ги започна своите терористички акции.

Велејќи дека во 2020 година кон сепаратистичко-терористичката организација ПКК се приклучиле 52 лица, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече: "Приклучувањето кон терористичката организација во 2020 година остана дури и под оној во 1984 година првата година кога организацијата ги започна своите акции! Ова е резултат на одлучноста под лидерство нашиот претставник."

 



Слични вести