Претседателот Ердоган: 2021 година сакаме да ја доведеме во состојба на година на нов полет во сите полиња

Претседателот Ердоган истакна дека 2021 година сакаат да ја доведат во состојба на година на нов полет во секоја сфера

1556117
Претседателот Ердоган: 2021 година сакаме да ја доведеме во состојба на година на нов полет во сите полиња
Elazığ Kömürhan Köprüsü Açılışı1.jpg
Elazığ Kömürhan Köprüsü Açılışı2.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Elazığ Kömürhan Köprüsü Açılışı.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган од дворецот Вахдеттин во Истанбул преку видео-конференција учествуваше на церемонијата на свечено отворање на Мостот Ќомурхан и тунелот што го поврзува во градот Елазиг.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа овде рече: „2021 година сакаме да ја доведеме во состојба на година на нов полет во секоја сфера.“

Нагласувајќи дека Мостот Ќомурхан ја носи титулата на четврти проект по големина на светот во својата категорија, Ердоган го истакна следното: „Ова дело (Мостот Ќомурхан) кое е изградено во целост со сто посто домашни и национални извори од неговиот дизајн до изградбата, ќе стане еден од симболите на силата и способностите на нашата земја во сферата на инженерството.“

Подвлекувајќи дека и покрај условите на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) кој го зароби целиот свет и во текот на 2020 година не беше направена ниту најмала отстапка од политиката на услуга, Ердоган рече: „Ги мобилизиравме можностите на нашата држава (за борба против епидемијата) заедно и со здравјето на нашиот народ за одбрана на неговата работа, храната и иднината.“

Тој изрази уверување дека со започнувањето со примена на вакцините коишто се обезбедени од странство ќе биде надминат значаен праг во борбата против епидемијата.

Осврнувајќи се и на работите во врска со домашната вакцина, претседателот Ердоган рече: „Иншаллах (со Аллахова помош-поддршка) најдоцна во месец април ќе ги доведеме во готова состојба за употреба и нашите сопствени вакцини чии работи за развивање интензивно продолжуваат.“ 

„2021 година сакаме да ја доведеме во состојба на година на нов полет во секоја сфера. Затоа правиме обемна подготовка.“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

 



Слични вести