Министерот Коџа: Бројот на загинатите турски граѓани во терористичкиот напад во Сомалија се зголеми на 2 лица

Министерот за здравство Фахреттин Коџа истакна дека бројот на загинатите турски граѓани во извршениот терористички напад во Сомалија се зголеми на 2 лица

1556191
Министерот Коџа: Бројот на загинатите турски граѓани во терористичкиот напад во Сомалија се зголеми на 2 лица

Министерот за здравство Фахреттин Коџа на својот профил на социјалната мрежа сподели објава во врска со загинатите и ранетите турски граѓани во извршениот терористички напад во Сомалија.

Велејќи дека бројот на турските граѓани кои го загубија животот во терористичкиот напад се зголеми на 2 лица, министерот за здравство Фахреттин Коџа го истакна следното: „Лекувањето на 14 ранети од кои тројца Турци продолжува во нашата болница Реџеп Тајјип Ердоган во Могадишу. Нашите ранети граѓани не се наоѓаат во животна опасност. Жестоко го осудувам нападот.“

Во претходното објавено соопштение од страна на Министерството за надворешни работи исто така беше истакнато дека жестоко се осудува извршениот терористички напад утрово во Сомалија чија цел беа вработените на една турска фирма задолжена за изградба на магистралниот пат Могадишу-Афгоје, а која придонесува за развојот и просперитетот на Сомалија.



Слични вести