Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 202 лица, регистрирани се 11.180 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 202 лица, регистрирани се 1.713 новозаболени, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 11.180 лица

1556237
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 202 лица, регистрирани се 11.180 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 202 смртни случаи.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна вкупно 21.295 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 149.218 тестирања од кои се дијагностицирани 1.713 новозаболени.

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 11.180 лица.

Заврши лекувањето на уште 11.672 лица, со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2 милиони 126 илјади 432 лица.



Слични вести