Во борбата против тероризмот на северот на Ирак неутрализирани уште 3 терористи

Министерството за национална одбрана (МСБ) преку профилот на социјалните мрежи објави соопштение во врска со борбата против тероризмот

1555667
Во борбата против тероризмот на северот на Ирак неутрализирани уште 3 терористи

 

Тројца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичка организација ПКК/ЈПГ, кои се обидоа да се инфилтрираат во зоната Извор на мирот во Сирија, беа неутрализирани.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за национална одбрана (МСБ) преку профилот на социјалните мрежи, беше истакнато следното:

„3 терористи на ПКК/ЈПГ кои се обидоа да се инфилтрираат во регионот на Извор на мирот со цел да го нарушат мирот и безбедносното опкружување, беа неутрализирани со успешната интервенција на нашите јуначки командоси“.

Од друга страна, 10 терористи, припадници на сепаратистичко- терористичка организација ПКК, откриени во регионите Метина и Хафтанин во северен Ирак, беа неутрализирани со воздушни операции.

Во вчерашното соопштение кое беше објавено од Министерството беше нагласено дека како и во текот на целата година, борбата против тероризмот продолжува без забавување и во последните часови од 2020 година.

Во соопштението беше подвлечено дека 10 терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, кои биле откриени со помош на средствата за извидување и надзор во регионите Метина и Хафтанин на северот на Ирак, беа неутрализирани со воздушни операции.



Слични вести