Турција ќе и испрати помош на Хрватска

Во првата етапа од страна на АФАД на Хрватска ќе и бидат испратени 100 контејнери, 500 шатори, 500 грејачи, 3.360 ќебиња и 2 илјади легла

1555803
Турција ќе и испрати помош на Хрватска

 

Турција ќе и испрати помош на Хрватска.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу оствари телефонски разговор со хрватскиот колега Давор Божиновиќ.

Во соопштението објавено од Министерството беше истакнато дека Сојлу, на разговорот со колегата Божиновиќ  му го пренесе жалењето и желбата за брз помин на последиците на земјотресот. Сојлу истакна дека во согласност со упатствата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, ќе биде дадена сета неопходна поддршка за заздравување на раните на Хрватска.

Во тие рамки, во првата етапа од страна на АФАД (Управа за елементарни непогоди и итни состојби) на Хрватска ќе и бидат испратени 100 контејнери, 500 шатори, 500 грејачи, 3.360 ќебиња и 2 илјади легла.

Сојлу меѓудругото рече исто за поставување на шаторите во Хрватска ќе бидат испратени и 50 лица од АФАД и жандармеријата.

Во земјотресот што се случи во вторникот со јачина од 6,4 степени во Петриња, Хрватска загинаа 5 лица, а некои згради беа оштетени. Земјотресот беше почувствуван и во земјите од регионот меѓу кои Босна и Херцеговина и Србија.



Слични вести