Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 212 лица, регистрирани се 12.203 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 212 лица, регистрирани се 1.908 новозаболени, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 12.203

1555867
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 212 лица, регистрирани се 12.203 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 212 смртни случаи.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна вкупно 21.093 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 158.103 тестирања од кои се дијагностицирани 1.908 новозаболени.

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 12.203 лица.

Заврши лекувањето на уште 14.110 лица, со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2 милиони 114 илјади 760 лица.

Од друга страна, министерот за здравство Фахреттин Коџа информира дека кај 15 лица кои се дојдени во Турција од Велика Британија е забележана нова мутирана варијанта на Ковид-19 којашто е утврдена во оваа земја.

Велејќи дека лицата кои контактирале со овие дијагностицирани лица се ставени во изолација со што состојбата е ставена под контрола, министерот Коџа соопшти дека целосно се сопрени за привремено патувањата од Велика Британија во Турција.



Слични вести