Проценка на портпаролот Калин за изминатата 2020

Турција успешно ја продолжена борбата против терористичките организации како што се ПКК, ПДД/ЈПГ и ДЕАШ во Сирија и Ирак

1555084
Проценка на портпаролот Калин за изминатата 2020

Портпаролот и вршител на должноста претседател на претседателскиот одбор за безбедност и надворешна политика при претседателството Ибрахим Калин рече дека успешно беше продолжена борбата против терористичките организации како што се ПКК, ПЈД/ЈПГ и ДЕАШ во Сирија и Ирак.

Одборот за безбедност и надворешни политики на претседателството се одржа со видео конференција под претседателство на Ибрахим Калин и беше направена проценка на 2020 година.

На состанокот беше подвлечено на значењето на силниот здравствен систем на Турција во борбата против новиот тип на коронавирусот којшто го опкружува светот, беше потсетено на турската поддршка на другите земји во светот во борбата против Ковид-19, а исто така беше подвлечено на решителноста за продолжување на борбата за пружање добрина како и политиката на солидарност и помош во 2021 година.

Како резултат на решителната политика спроведена во Источниот Медитеран и Либија, беа заштитени  националните интереси и права на Турција и беше изнесен ставот дека во регионот не може да се воспостави ниту една равенка без Турција, дека успешно продолжува борбата против терористичките организации како што се ПКК, ПЈД/ЈПГ и дека беше даден придонес за безбедноста и стабилноста на регионот, беше истакнато на состанокот.

На состанокот беше подвлечено на борбата против предавничката мрежа ФЕТО која во 2016 година со пуч сакаше да ја урне националната волја и дека истата со голема решителност ќе продолжи и во иднина.

На состанокот беа разменети мислења за ефектите на победата во Нагорно Карабах во која Турција застана на страната на Азербејџан согласно воените договори.

Откритијата на природен гас во Турција, кои имаат клучно значење од аспект на намалувањето на надворешната зависност во економијата, исто така беа подвлечени на состанокот на кој беше посочено и на заштитата на постојните трговски и економски односи со договорот за слободна трговија потпишан со Велика Британија и беше посочено дека тоа е важен чекор во развојот на односите.

На состанокот на кој беше истакнато значењето на продолжувањето на дипломатијата, солидарноста и соработката во решавањето на проблемите во односите со Европската унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД) и покрај несогласувањата што произлегуваат од регионалните проблеми, беше истакнато дека односите во иднина треба да се одржуваат со позитивна агенда.



Слични вести