Претседателот Ердоган ја предупреди Ерменија во врска со прекршувањето на примирјето

Вашето присуство во Азербејџан е знак на чест што го покажува нивото кое е достигнато во односите меѓу нашите земји

1555141
Претседателот Ердоган ја предупреди Ерменија во врска со прекршувањето на примирјето

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на ерменските сили кои се обиделе да го прекршат примирјето (во Нагорно Карабах) им порача што е можно поскоро да се вратат од оваа грешка.

Претседателот Ердоган преку телефон им се обрати на турските војници во Азербејџан кои беа ангажирани да учествуват во воспоставувањето на Заедничкиот центар меѓу Турција и Русија.

„Вашето присуство е знак на чест што го покажува нивото кое е достигнато во односите меѓу нашите земји.

„Им посакувам успех на нашите војници задолжени за следење на спроведувањето на примирјето. Посакувам што поскоро да се формира и што побргу да работи центарот “ рече Ердоган.

Во освртот на нападите на ерменските сили врз азербејџанските територии, Ердоган рече:

„На ерменските сили кои дејствуваат со кршење на примирјето, им порачувам што е можно поскоро да се вратат од оваа грешка“.



Слични вести