Министерот Акар и командниот кадар на ТВС во посета на Баку
Ние го следиме прекинот на огнот од Заедничкиот центар

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во врска со Заедничкиот центар којшто ќе се формира од страна на Турција и Русија рече дека откако ќе почне да функционира, ќе ја исполнат должноста за одбрана на правата на Азербејџанците.
Хулуси Акар и командниот кадар на Турските вооружени сили (ТСК), во рамките на посетата на Баку се состанаа со турските војници кои што ќе бидат ангажирани во Заедничкиот центар кој ќе се воспостави од страна на Турција и Русија.
Акар, во врска со примирјето меѓу Азербејџан и Ерменија рече:
„Ние го следиме прекинот на огнот од Заедничкиот центар. Нашите другари по оружје се подготвени да ја извршат својата должност. Откако Заедничкиот центар ќе почне да работи, нашите активности ќе се интензивираат, ние ќе ја исполниме нашата должност да ги браниме правата на нашите азербејџански браќа“.
Слични вести

Турција плаче и тагува за хероите кои загинаа во хеликоптерската несреќа
Претседателот оствари телефонски разговор со семејството на херојот генерал-потполковник Осман Ербаш