Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2.078.629

Во последните 24 часа во Турција беа остварени 184.415 тестови

1555030
Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2.078.629

 

 

Во борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа во Турција животите ги загубија 254 лица.

Бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата се зголеми на 20.642.

Во последните 24 часа беа остварени 184.415 тестови, а беа регистрирани 2.612 нови заболени. Дневниот број на дијагностицирани е 15.692.

Бројот на пациентите кои беа отпуштени од болница изнесува 20.192 лица, додека бројот на оние кои оздравеа се зголеми на 2.078.629.



Слични вести