Сочувство од Турција на Хрватска

Ние ја споделуваме болката на нашите хрватски пријатели и изразуваме сочувство на хравтскиот народ и на семејствата кои ги загубија своите блиски во земјотресот

1554372
Сочувство од Турција на Хрватска

 

Турција и ги пренесе желбите на сочувство на Хрватска поради земјотресот што се случи во оваа земја.

Во писменото соопштение кое беше објавено од Министерството за надворешни работи, беше наведено дека со длабока тага беше дочекана веста за земјотресот со јачина од 6,4 степени што го погоди градот Петриња во Хрватска.

Во соопштението беше истакнато:

„Ние ја споделуваме болката на нашите хрватски пријатели и изразуваме сочувство на хрватскиотнарод и на семејствата кои ги загубија своите блиски во земјотресот“.

Во соопштението беше посочено на важноста на меѓународната соработка во време на катастрофа и беше изразена подготвеноста на Турција за обезбедување секаков вид поддршка на хрватскиот народ.

Во меѓувреме, вкупниот број на загинати во земјотресот што се случи вчера во 12,20 часот по локално време во градот Петриња, се зголеми на 5 лица.

Додека земјотресот беше почувствуван во соседните земји од регионот како што се Босна и Херцеговина и Србија, по земјотресот имаше многу последователни потреси.



Слични вести