Ердоган. „Анадолија личи на голема папка за уметничко производство“

Големите награди на претседателството за култура и уметност ги доделуваме за да им ја изразиме благодарност на сите оние кои придонесоа во величењето на уметноста во нашата земја

1554842
Ердоган. „Анадолија личи на голема папка за уметничко производство“

 

Претседателот Реџеп Таип Ердоган рече дека териториите на Анадолија се како голема папка за уметничко производство.

Претседателот Ердоган присуствуваше на церемонијата на доделувањето на Големите награди за култура и уметност што се одржа во Претседателскиот комплекс и одржа говор.

Ердоган во говорот искрено и од се срце им честиташе на научниците, познавачите на културата и уметноста на кои ќе им бидат врачени наградите и рече:

„Ние, Големите награди на претседателството за култура и уметност ги доделуваме за да им ја изразиме благодарност на сите оние кои придонесоа во величењето на уметноста во нашата земја“.

„Овие територии на кои живееме, оваа плодна Анадолија, се како голема папка за уметничко производство“ рече Ердоган и посочи дека делата што ги исполнуваат светските музеи, иако припаѓаат на Анадолија, се доволни за да покажат колку огромно уметничко наследство имаат овие територии.

Обраќајќи им се на уметниците, Ердоган рече:

„Оваа нација ве чека да оживеете од пепелта во естетска смисла, да го вратите изгубеното богатство“.

По говорот, Големите награди на Претседателството за култура и уметност им беа врачени на уметниците за кои се сметаше дека се достојни.



Слични вести