Чавушоглу: „САД во однос на санкциите КААТСА предложија формирање заедничка група“

Приоритет во 2020 година ни беше дипломатијата, но каде што беше блокирани ние се симнавме на терен

1554578
Чавушоглу: „САД во однос на санкциите КААТСА предложија формирање заедничка група“

 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека Соединетите Американски Држави (САД) во рамките на Законот за борба против американските противници по пат на економски санкции (КААТСА) предложија формирање заедничка работна група.

Мевлут Чавушоглу зборуваше на состанокот за проценка на надворешната политика во 2020 година.

Чавушоглу во говорот, се осврна на санкциите кои ги презедоа Соединетите Американски Држави против Турција во врска со откупот на воздушно-одбранбениот систем С-400 од Русија, поради што САД предложија формирање на заедничка работна група во врска со санкциите кои беа преземени против Турција.

„Приоритет во 2020 година ни беше дипломатијата, но каде што беше блокирани ние се симнавме на терен и повторно го отворивме патот за дијалог и дипломатија“ рече Чавушоглу.

„Ние на сите им покажавме дека ништо не може да се направи и покрај нас (во Источен Медитеран). Пријателите и непријателите видоа што се можеме да направиме“.

Во освртот на односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), Чавушоглу рече:

„Ние сме подготвени следната година нашите односи со ЕУ да ги одржиме во попозитивно опкружување. Очекуваме и ЕУ да биде подготвена“.



Слични вести