Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу отпатува за Сочи, Русија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во споделената објава на својот профил на Твитер го истакна следното: „Се наоѓаме со Сочи за учество на 8. состанок на Групата за заедничко стратешко планирање на Турција и Русија“

1553862
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу отпатува за Сочи, Русија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу отпатува за Русија кадешто е учествува на 8. состанок на Групата за заедничко стратешко планирање на Турција и Русија.

Чавушоглу во споделената објава со фотографија на својот профил на социјалната мрежа Твитер го истакна следното: „Се наоѓаме со Сочи за учество на 8. состанок на Групата за заедничко стратешко планирање на Турција и Русија.“

На 8. состанок на Групата за заедничко стратешко планирање на Турција и Русија што ќе се одржи во црноморскиот крајбрежен град Сочи, ќе претседаваат министрите за надворешни работи на двете земји, Мевлут Чавушоглу и Сергеј Лавров.

Во претходно објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи на Турција, по ова прашање беше истакнато следното: „На состанокот на Групата за заедничко стратешко планирање, освен тоа што ќе бидат разгледани билатералните односи помеѓу двете земји се предвидува да бидат разменети обемни мислења во врска со регионални и меѓународни случувања. На крајот на состанокот, помеѓу Министерствата за надворешни работи на Република Турција и Руската Федерација ќе биде потпишан консултациониот план за 2021-2022 година.“

 



Слични вести