Чавушоглу порача од Сочи: Секој знае дека Турција нема да отстапи пред санкциите

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу порача од рускиот црноморски крајбрежен град Сочи дека секој знае дека Турција нема да отстапи пред санкциите

1554018
Чавушоглу порача од Сочи: Секој знае дека Турција нема да отстапи пред санкциите
afp Çavuşoğlu Lavrov4.jpg
afp Çavuşoğlu Lavrov1.jpg
Mevlüt Çavuşoğlu Sergey Lavrov Soçi.jpg
Mevlüt Çavuşoğlu Sergey Lavrov Basın Toplantısı.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој замина во посета на рускиот црноморски крајбрежен град Сочи за 8. состанок на Групата за заедничко стратешко планирање на Турција и Русија, овде одржа заедничка прес-конференција со својот руски колега министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Чавушоглу во оваа пригода меѓу другото направи проценка и на одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) за воведување санкции врз Турција поради набавката на противвоздушно одбранбениот систем С-400 од Русија, а во рамките на CAATSA (Законот за борба против американските противници по пат на економски санкции).

Чавушоглу истакна дека секој го знае тоа дека Турција нема да отстапи поради санкциите.

„Овие санкции претставуваат напад врз нашите суверени права. Секој знае дека нема да отстапиме пред санкциите.“ - порача Чавушоглу.

Тој во својот говор се осврна и на прашањето на поддршката што ја дава Турција на Либија, во врска со што го рече следното: „Една друга земја или било кој вклучувајќи го и Хафтар (водачот на нелегитимните сили во источниот дел на Либија) нема право да рече 'Турција да ја напушти Либија'.“

На дневниот ред на прес-конференцијата помеѓу двајцата министри за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу и Сергеј Лавров, се најде и борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу соопшти дека согласно потпишаниот договор со Русија во рамките на борбата против Ковид-19 ќе се произведува заедничка вакцина во Турција.

Мевлут Чавушоглу се осврна и на турско-руските трговски односи при што истакна дека Русија (по пополнетоста на актуелните квоти) ќе ги зголеми квотите за увоз на домати од Турција.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, исто така во врска со одлуката на САД за воведување санкции врз Турција поради купениот одбранбен систем од руско производство, рече дека неговата земја ќе ја продолжи воено-техничката соработка со Анкара против бесправните санкции.

Велејќи дека Вашингтон врши сериозен притисок врз Анкара и дека тоа го прави по илегални патишта, Лавров нагласи дека и покрај тоа Турција не потклекнува, за што рече дека заслужува ценење.

Сергеј Лавров, напомена дека турско-руските односи не се поврзани со одлуките за санкции коишто се воведуваат од страна на Западот и го рече следното: „Односите помеѓу Турција и Русија се крајно драгоцени. Нашите односи не се поврзани со ничиј агресивен став и ничии каприциозности.“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров појасни дека на разговорите било разгледано и прашањето со Нагорно Карабах и додаде дека се едногласни со турската страна во однос на тоа дека ситуацијата во Карабах не треба да се злоупотребува од ничија страна.

 



Слични вести