Чавушоглу: „Либија ќе беше во хаос доколку Турција не пружеше поддршка“

Фактот дека решението на кризата во Либија е  политичкото, а не воено Турција секогаш го изрази ова убедување

1553618
Чавушоглу: „Либија ќе беше во хаос доколку Турција не пружеше поддршка“

 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: Либија ќе беше вовлечена во хаос доколку Турција не одговори позитивно на барањето на Владата на национално единство“.

Мевлут Чавушоглу даде интервју за парискиот весник Jeune Afrique.

Турција, согласно Рамковниот договор потпишан во ноември 2019 година на Либија и даде воена обука рече Чавушоглу, потенцирајќи дека на Либијците им помогнавме во формирањето на редовната армија, реформирањето на секторот за одбрана, зголемувањето на капацитетите за борба против заканите за стабилноста на земјата и територијалниот интегритет.

Фактот дека решението на кризата во Либија е  политичкото, а не воено Турција секогаш го изрази ова убедување, рече Чавушоглу потенцирајќи дека Турција го поддржува решението на Обединетите нации (ООН) во однос на ова прашање. Поздравувајќи ги изборите во Либија планирани за 24 декември 2021 година, Чавушоглу рече:

„Либија ќе беше вовлечена во хаос доколку  Турција не одговори позитивно на барањето на Владата на национално единство во борбата против (пучистичкиот генерал Халифа) Хафтар. Благодарение на нашите напори се промени насоката на ветерот и на тој начин меѓу Либијците се создаде атмосфера на дијалог и иницијативи за компромис под покровителство на ОН“.

Посочувајќи дека е постигнат значаен напредок во рамките на процесот на ОН и дијалогот меѓу Либијците, Чавушоглу рече дека денес Турција ги почитува искрените напори на Либијците да ја преземат контролата над својата судбина и да постигнат национално решение.

Наведувајќи дека не може да се негира меѓусебното влијание на воената ситуација на терен и политичките преговори, Чавушоглу изјави дека прекинот на огнот треба да се одржи токму поради оваа причина.

Чавушоглу подвлече дека грешките во минатото не треба да се повторуваат и не треба да се толерира никаков вид напади.



Слични вести