Турција го дочека со задоволство стапувањето на должност на новата Влада во Јемен

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се посакува овој развој да придонесе да се стави крај на судирите и присутната хуманитарна криза во Јемен коишто продолжуваат повеќе од 6 години

1552908
Турција го дочека со задоволство стапувањето на должност на новата Влада во Јемен

Турција го дочека со задоволство стапувањето на должност на новата Влада во Јемен.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се посакува овој развој да придонесе да се стави крај на судирите и присутната хуманитарна криза во Јемен коишто продолжуваат повеќе од 6 години, а исто така се укажува на тоа дека спорот во Јемен е претворен во досега невидена човечка трагедија.

Во соопштението се вели дека ситуацијата во Јемен со влијанието и на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) е влошена уште повеќе и се додава следното:

„Во тие рамки, изнаоѓањето на трајно политичко решение во земјата претставува поголема итна потреба од било кога досега. Турција го поддржува решавањето на овој спор во рамките на резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) и во согласност со утврдените меѓународни параметри, по пат на дијалог и на основа на уставната легитимност во рамките на почитувањето на политичкото единство и територијалниот интегритет на Јемен.“



Слични вести