Сочувство од Турција до Пакистан за загинатите во терористичкиот напад и хеликоптерската несреќа

Министерството за надворешни работи истакна дека се дочекани со жалење извршениот терористички напад во Белуџистан и хеликоптерската несреќа во областа Гилгит-Балтистан во која загинаа 11 припадници на Пакистанските вооружени сили

1552911
Сочувство од Турција до Пакистан за загинатите во терористичкиот напад и хеликоптерската несреќа

Турција го изрази своето сочувство до Пакистан за извршениот терористички напад во Белуџистан и загинатите во хеликоптерската несреќа во Гилгит-Балтистан.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека се дочекани со жалење извршениот терористички напад во Белуџистан и хеликоптерската несреќа во областа Гилгит-Балтистан во која загинаа 11 припадници на Пакистанските вооружени сили.

„Го осудуваме гнасниот терористички акт во Белуџистан. На загинатите во терористичкиот напад и во хеликоптерската несреќа им посакуваме милост од Аллах, на ранетите им посакуваме побрзо оздравување, го изразуваме нашето сочувство до пријателскиот и братски пакистански народ и до пакистанската Влада.“ - стои во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи на Турција.



Слични вести