Пронајдено мртвото тело и на вториот војник затрупан под лавина во Хаќќари

Со пронаоѓање на мртвото тело и на вториот војник кој беше затрупан под лавина во населеното место Шемдинли кај градот Хаќќари, бројот на турските војници кои станаа шехиди (го загубија животот) се големи на двајца

1553043
Пронајдено мртвото тело и на вториот војник затрупан под лавина во Хаќќари

Пронајдено е мртвото тело и на вториот турски војник кој остана затрупан под лавина во населеното место Шемдинли кај градот Хаќќари, со што бројот на турските војници кои станаа шехиди (го загубија животот) се зголеми на двајца. 

Во областа кадешто при пад на снежна лавина за време на работите водени од страна на војниците со градежни машини за отворање на затворениот пат за воената база во населеното место Шемдинли стана шехид (го загуби животот) еден војник, денеска во утринските часови се продолжени активностите за пребарување и спасување и по вториот војник кој остана затрупан под лавина. 

Во активностите за пребарување и спасување поддржани од беспилотни летала од воздух беа вклучени и екипи на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) од Хаќќари, Ван и Ерзурум, како и тимови на жандармеријата за пребарување и спасување, командоси и погранични единици.

Притоа во активностите во кои беа користени и кучиња за пребарување и спасување е пронајдено мртвото тело и на вториот војник кој стана шехид (го загуби животот). 

 



Слични вести