Потпретседателот Фуат Октај: Турција со сите свои можности ќе продолжи да стои покрај кипарските Турци

Потпретседателот Фуат Октај во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер, уште еднаш повтори дека Турцијасо сите свои можности ќе продолжи да стои покрај кипарските Турци

1553012
Потпретседателот Фуат Октај: Турција со сите свои можности ќе продолжи да стои покрај кипарските Турци

Потпретседателот Фуат Октај уште еднаш повтори дека Турција ќе продолжи да стои покрај кипарските Турци.

Во изминатите денови во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) беше утврден идентитетот на 14 деца кои беа безмилосно убиени од страна на кипарските Грци на 14 август 1974 година, по што нивните посмртни останки беа погребани.

Потпретседателот Фуат Октај во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер, го истакна следното: „Испраќањето во нивното вечно почивалиште на нашите чеда кои станаа шехиди (го загубија животот во извршениот безмилосен масакр) во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) за време на извршеното злосторство од страна на ЕОКА, уште еднаш ги пренесоа пред нашите очи доживеаните болни спомени.“

Октај истакна дека менталитетот кој го негира турското присуство на островот, се обидува да го уништи и замижува пред него, и денеска наоѓа живот во нерешението.

Потпретседателот Фуат Октај во својата споделена објава го напиша и следното: „Онака како што беше вчера, така и денеска и утре Турција со сите свои можности ќе стои покрај кипарските Турци, со одлучност ќе продолжи да ги штити, надгледува нивниот живот, имот, правото и интересите. Оваа вистина треба да ја согледа целиот свет и да придонесе за процесот во правец на праведно решение.“

Забелешка: ЕОКА е вооружена терористичка организација формирана за припојување на островот Кипар кон Грција, односно за реализација на ЕНОСИС.



Слични вести