Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана со својот ирачки колега Џумах Енад Саадон

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, министерот Хулуси Акар и неговиот ирачки колега Џумах Енад Саадон во Министерството во Анкара остварија директна средба лице в лице, а потоа беа одржани меѓуделегациски средби

1553432
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана со својот ирачки колега Џумах Енад Саадон
Hulusi Akar Jumaah Enad Saadoon1.jpg
Hulusi Akar Jumaah Enad Saadoon3.jpg
Hulusi Akar Jumaah Enad Saadoon2.jpg

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана со ирачкиот министер за одбрана Џумах Енад Саадон.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, министерот Хулуси Акар и неговиот ирачки колега Џумах Енад Саадон во Министерството во Анкара остварија директна средба лице в лице, а потоа беа одржани меѓуделегациски средби.

На средбите на кои беа разгледани билатерални и регионални прашања на чело со борбата против тероризмот, министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека Турција ги почитува политичкото единство и територијалниот интегритет на сите свои соседи на чело со Ирак, го изрази задоволството од координацијата којашто е воспоставена со ирачката управа по прашањето на борбата против тероризмот и го нагласи значењето за продолжување на сето тоа со зголемување.

Освен тоа, министерот Хулуси Акар ја подвлече и одлучноста на Турските вооружени сили (ТВС) во одбраната на безбедноста на народот и границите, како и ставањето крај на терористичката неволја.

 



Слични вести