Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу утре ќе отпатува за Сочи, Русија

Министерството за надворешни работи соопшти дека во црноморскиот крајбрежен град Сочи ќе се одржи 8. состанок на Групата за заедничко стратешко планирање на Турција и Русија со кој ќе претседаваат двајцата министри за надворешни работи Чавушоглу и Лавров

1553165
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу утре ќе отпатува за Сочи, Русија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу утре ќе отпатува за Русија кадешто е учествува на 8. состанок на Групата за заедничко стратешко планирање на Турција и Русија.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека со состанокот што ќе се одржи во црноморскиот крајбрежен град Сочи ќе претседаваат министрите за надворешни работи на двете земји, Мевлут Чавушоглу и Сергеј Лавров.

Во соопштението се истакнува следното: „На состанокот на Групата за заедничко стратешко планирање, освен тоа што ќе бидат разгледани билатералните односи помеѓу двете земји се предвидува да бидат разменети обемни мислења во врска со регионални и меѓународни случувања. На крајот на состанокот, помеѓу Министерствата за надворешни работи на Република Турција и Руската Федерација ќе биде потпишан консултациониот план за 2021-2022 година.“

 



Слични вести