Мевлут Чавушоглу: ФЕТО е мошне сериозна закана и опасност за Косово

По остварената директна средба лице в лице, двајцата министри за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и Мелиза Харадинај-Стубла одржаа заедничка прес-конференција

1553453
Мевлут Чавушоглу: ФЕТО е мошне сериозна закана и опасност за Косово

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Анкара се состана со косовската министерка за надворешни работи Мелиза Харадинај-Стубла.

По остварената директна средба лице в лице, двајцата министри за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу и Мелиза Харадинај-Стубла, одржаа заедничка прес-конференција.

Чавушоглу во говорот што го одржа овде истакна дека Фетулахистичката терористичка организцаија ФЕТО е мошне сериозна закана и опасност за Косово.

Велејќи дека на остварената средба беа разгледани билатералните односи помеѓу двете земји во секое поле, Чавушоглу нагласи дека беше направена проценка на тоа кои чекори треба да бидат фрлени за развивање на соработката во одбранбената индустрија и воената сфера.

Чавушоглу појасни дека Турција вложи големи напори за признавање на Косово уште од денот кога ја прогласи својата независност и дека овие свои напори ќе ги продолжи и Турција ќе продолжи да ја дава секоја поддршка за стекнување на Косово со свој статус во меѓународните организации. 

Мевлут Чавушоглу исто така нагласи дека Турција уште од почетокот го поддржува процесот на дијалог помеѓу Србија и Косово којшто е започнат за зголемување на стабилноста на регионот.

Осврнувајќи се и на присуството на Фетулахистичката терористичка организцаија ФЕТО, Чавушоглу истакна дека Турција не сака да го види присуството во една братска земја како Косово, на една терористичка организација која се обиде да изврши пуч во земјата.

„ФЕТО, со неговото присуство во Косово можеби нема да и причини некоја голема штета на Турција, меѓутоа е мошне сериозна закана и опасност за Косово. Ова структуирање треба да се извади од Косово. Доколку денеска не се преземе мерка против оваа терористичка организација, се плашам дека утре ќе биде многу доцна.“ - порача Чавушоглу.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу потсети дека Турција му достави на два пати поддршка на братски Косово во медицинска помош и во периодот на Ковид-19, а воедно додаде дека со неговата колешка косовската министерка за надворешни работи Мелиза Харадинај-Стубла направиле проценка и на тоа каква соработка би можела да се развие по прашањето на вакцината против Ковид-19.

 



Слични вести