Денеска се одржува последниот состанок на претседателскиот кабинет во оваа година

На состанокот ќе бидат разгледани низа прашања на чело со последната состојба во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19), новите превентивни мерки коишто ќе бидат преземени, календарот за вакцинација и процесот на лекување од Ковид-19

1552888
Денеска се одржува последниот состанок на претседателскиот кабинет во оваа година

Денеска под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе се одржи последниот состанок на претседателскиот кабинет во оваа година.

На состанокот ќе бидат разгледани низа прашања на чело со последната состојба во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19), новите превентивни мерки коишто ќе бидат преземени, календарот за вакцинација и процесот на лекување од Ковид-19.

На состанокот, ќе има обемно излагање министерот за здравство Фахреттин Коџа и ќе бидат споделени со членовите на претседателскиот кабинет одлуките со препорака донесени од страна на Научниот совет.

По состанокот, погледите ќе бидат свртени кон новите превентивни мерки коишто ќе бидат соопштени во врска со борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

На состанокот на претседателскиот кабинет ќе биде разјаснет календарот во врска со вакцините коишто ќе бидат донесени од Кина и Германија и календарот за нивно применување.

Освен тоа, на состанокот ќе бидат разгледани и активностите коишто се водат за осознавање и подигање на свеста кај јавноста во врска со вакцинацијата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).



Слични вести