Во операциите „Молња“ досега се неутрализирани вкупно 148 терористи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во рамките на операциите „Молња“ (Yıldırım) коишто беа започнати на 13 јули досега се неутрализирани вкупно 148 терористи

1552728
Во операциите „Молња“ досега се неутрализирани вкупно 148 терористи

Во рамките на операциите „Молња“ (Yıldırım) коишто беа започнати на 13 јули со цел целосно елеминирање на тероризмот внатре во границите на земјата, досега се неутрализирани вкупно 148 терористи.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за внатрешни работи се истакнува дека продолжува операцијата „Молња-17 Беста“ (Yıldırım-17 Besta) која е започната во подрачјата на градовите Ван, Ширнак и Сиирт со цел целосно ставање крај на терористичкото присуство внатре во земјата и за спречување на сепаратистичко-терористичката организација повторно да се стекне со својата способност за делување во земјата, а чија способност за сместување за поминување на зимата и делување е стеснета.

Во соопштението се вели дека во операцијата учествуваат 3.251 припадник на безбедносните сили и се подвлекува следното: „Во рамките на операциите 'Молња' (Yıldırım) коишто се започнати на 13 јули за целосно елиминирање на тероризмот внатре во земјата, до денеска се неутрализирани вкупно 148 терористи, фатени се 77 соработници, уништени се 571 пештера, засолништа и складишта, запленети се големи количини оружје и муниција, материјали за храна и за обезбедување на животните потреби на терористите.“

Во соопштението исто така стои дека операциите „Молња“ (Yıldırım) продолжуваат успешно со верба и одлучност.

 



Слични вести