Хулуси Акар: Никој проект во Егејот и Медитеранот без Турција и Турската Република Северен Кипар нема шанса за живот

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека никој проект во Егејот и Медитеранот без Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) нема шанса за живот

1552676
Хулуси Акар: Никој проект во Егејот и Медитеранот без Турција и Турската Република Северен Кипар нема шанса за живот

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Либија кадешто отпатува во посета во придружба и на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС), се состана со турските војници на задача во оваа земја.

Министерот Акар во говорот што го одржа овде истакна дека Турција води обиди за изнаоѓање политички решенија за сите проблеми во Егејот, Источниот Медитеран и Кипар во рамките на добрососедските односи, на основа на меѓународното право.

Потсетувајќи дека беа водени разговори за зближување (експлораторски, истражувачки разговори) помеѓу Турција и Грција и разговори во рамките на мерките за зголемување на довербата како и разговори за разградување во Штабот на НАТО, Хулуси Акар рече: „Нашата рака којашто ја подаваме искрено за мир и за решение, секогаш останува во воздух. За жал трети страни инсистираат да не го гледаат тоа, се однесуваат пристрасно. Она што единствено го очекуваме ние од третите страни е да бидат објективни, со здрав разум, разумни и логични. Нашите грчки соседи кои ја злоупотребуваат секоја можност, преземаат крајно провокативни чекори и методи на зголемување на тензијата. Го прикриваат она што го прават самите и на извесен начин ги заматуваат нашите барања во рамките на претходно постигнатите договори, отворени за дијалог и мирољубиви методи и со почит кон меѓународното право. И тоа го доведоа во состојба на своја навика.“

Акар истакна дека овие грешки и нелогични применувања на Грција почнаа да се согледуваат и од страна на грчкиот народ кој располага со здрав разум. 

Нагласувајќи дека Кипар претставува национално прашање за Турција, Акар подвлече дека за да би можело што поскоро да се изнајде вистинско решение на островот кипарските Грци треба да се откажат од нивниот разгален и инаетчиски став и да го признаат турското присуство.

Подвлекувајќи дека никој проект во Егејот и Медитеранот без Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) нема шанса за живот, министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Ние како гаранторска земја ќе го искористиме секое наше право. Никој да не се сомнева во тоа.“

 



Слични вести