Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 254 лица, регистрирани се 14.205 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 254 лица, регистрирани се 2.806 новозаболени, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 14.205

1552777
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 254 лица, регистрирани се 14.205 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 254 смртни случаи.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна вкупно 19.878 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 172.113 тестирања од кои се дијагностицирани 2.806 новозаболени.

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 14.205 лица.

Заврши лекувањето на уште 21.196 лица, со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2 милиони 015 илјади 230 лица.

Од друга страна, министерот за здравство Фахреттин Коџа соопшти дека поради регистриран случај на Ковид-19 кај цариник во царината во главниот град на Кина, Пекинг се запрени за привремено работите во царината поради што е одложена и испораката на вакцините за Турција за еден или два дена.

Инаку, Турција се договори да купи 50 милиони дози вакцини од Кина и првата испорака од три милиони дози требаше да пристигне денеска.

Турција потпиша договор за купување на 4,5 милиони дози и од вакцината развиена од страна на германската биотехнолошка компанија „БиоНТек“ (BioNTech) и американската фармацевтска компанија „Фајзер“ (Pfizer), со опција подоцна да се обезбедат уште 30 милиони дози од оваа вакцина.



Слични вести