Акар: Во случај на напад врз турските елементи, елементите на убиецот Халифа Хафтар секаде ќе станат легитимна цел

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека во случај на евентуален обид за напад врз турските елементи во Либија „елементите на убиецот Халифа Хафтар“ секаде ќе станат легитимна цел

1552720
Акар: Во случај на напад врз турските елементи, елементите на убиецот Халифа Хафтар секаде ќе станат легитимна цел

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Либија кадешто отпатува во посета во придружба и на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС), се состана со турските војници (Мехметчик) на задача во оваа земја и ручаше заедно со нив. 

Министерот Акар во говорот што го одржа овде истакна дека во случај на евентуален обид за напад врз турските елементи во Либија „елементите на убиецот Халифа Хафтар“ секаде ќе станат легитимна цел.

Велејќи дека Турските вооружени сили (ТВС или TSK) кои работат за безбедноста на Турција со нејзините 83 милиони жители вложуваат напори за да придонесат за безбедноста и на пријателските и братски земји како што се Либија, Азербејџан и Турската Република Северан Кипар (ТРСК), Хулуси Акар нагласи дека Турција го почитува полиитчкото единство и територијалниот интегритет на земјите на чело со нејзините соседи.

Акар наггласи дека Владата на национално единство е легитимна Влада на Либија која е призната од страна на Обединетите нации (ОН) и рече: „Основниот проблем во Либија е групата на Хафтар и нејзините поддржувачи, проблемот произлегува од тоа.“

Тој напомена дека Турските вооружени сили (ТВС) во рамките на договорот со Либија реализираат воена обука, соработка и консултантски активности, а воедно истакна дека како резултат на овие активности им е дадена обука на приближно 3 илјади Либијци.

Велејќи дека Хафтар кој е пучист и пион на надворешните мрачни сили, играчка во рацете на другите, почна да ги поставува на цел турските војници, елементите на Турските вооружени сили (ТВС), кои заминаа во регионот во рамките на поканата на Владата на нацонално единство на Либија и билатералните договори и овде обезбедуваат воена обука, соработка, помош и консултантска поддршка, министерот Акар го рече следното: „Креваат секаква врева за да би ги прикриле своите сопствени зулуми и масакри. Тоа се залудни напори и со нив не е можно да се стигне никаде.“

Акар, нагласувајќи дека Хафтар е одговорен за пролевањето на братската крв во Либија, рече: „

„Овој воен злосторник, убиец Хафтар и неговите поддржувачи треба да знаат дека при било каков обид за напад врз турските елементи, елементите на убиецот Хафтар секаде ќе станат легитимна цел. Откако ќе направат таков потег не ќе можат да најдат место за бегање.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар исто така повтори дека Турција е заедно со своите браќа Либијци во нивната праведна кауза.

 



Слични вести