Во подрачјето на операцијата Извор на мирот на северот на Сирија се неутрализирани 5 мина терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека се неутрализирани 5 мина терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои се обиделе да се префрлат во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија

1552283
Во подрачјето на операцијата Извор на мирот на северот на Сирија се неутрализирани 5 мина терористи

Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани 5 мина терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Министерството за национална одбрана соопшти дека се неутрализирани 5 мина терористи на ПКК/ЈПГ кои се обиделе да се префрлат во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија.

Според добиени информации од безбедносни извори, терористите на ПЈД/ЈПГ/ПКК се обиделе да се префрлат преку јужниот дел на селата Муллак и Саида кај населеното место Тел Абјад во северниот дел на магистралниот пат Автопатот М-4, инаку подрачје во северниот дел на Сирија кое се наоѓа под одговорност на Турција.

Откако беше утврден овој обид за префрлување во областа за која станува збор дојде до вооружен судир помеѓу терористите и елементите на Сириската национална армија (СНА).

Безбедносни извори истакнуваат дека се невистинити вестите околу тоа дека „судирот се случил во Ајн Иса“ а коишто заземаат место во некои информативни органи и информираат дека до судирот дошло на југот на населеното место Тел Абјад кое се наоѓа во границите на подрачјето на операцијата Извор на мирот.



Слични вести