Реакција од Турција на објавениот „NOTAM“ на Грција за Егејот и Источниот Медитеран

Турското министерство за надворшени работи соопшти дека со објавениот „NOTAM“ (предупредување за авијатичарите) се согледува дека „Грција ги продолжува чекорите за зголемување на тензијата и провокациите“

1552292
Реакција од Турција на објавениот „NOTAM“ на Грција за Егејот и Источниот Медитеран

Турција покажа реакција против објавениот „NOTAM“ (предупредување за авијатичарите) од страна на Грција.

Турското министерство за надворшени работи соопшти дека со објавениот „NOTAM“ (предупредување за авијатичарите) се согледува дека „Грција ги продолжува чекорите за зголемување на тензијата и провокациите“.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој одговори писмено на едно поставено прашање во врска со објавениот „NOTAM“ (предупредување за авијатичарите) од страна на Грција за Егејот и Источниот Медитеран.

Велејќи дека нема одредена промена во ставот на Турција по прашањето на отворање без предуслови на каналите за дијалог со Грција на чело со разговорите за зближување (експлораторските, истражувачките разговори), Аксој истакна дека меѓутоа се согледува оти Грција ги продолжува чекорите за зголемување на тензијата и провокациите во регионот.

„Последниот пример за тоа претставува објавувањето од страна на Грција на  NOTAM за прогласување за 15 зони за воена вежба со опфаќање и на островите со демилитаризиран статус и затворањето од 4 јануари до 26 февруари 2021 година на една мошне широка зона којашто го опфаќа речиси целиот Егеј и едно широко подрачје на Источниот Медитеран. Ја повикуваме Грција да покаже здрав разум и да се однесува одговорно, придонесувајќи им на нашите напори за зајакнување на мирот и стабилноста во регионот, во рамките на добрососедските односи.“ - порача портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој. 

 



Слични вести