Министерот за национална одбрана Акар се состана со либискиот министер за внатрешни работи Башага

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој во придружба на командниот врв на Турските вооружени сили престојува во посета на Триполи се состана со либискиот министер за внатрешни работи Фетхи Башага

1552422
Министерот за национална одбрана Акар се состана со либискиот министер за внатрешни работи Башага

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој во придружба на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) отпатува во посета на Либија, во главниот град Триполи, се состана со  министерот за внатрешни работи Фетхи Башага. 

Средбата се одржа во Центарот за полициска обука Таџура.

Во говорот што го одржа овде, министерот за национална одбрана Хулуси Акар и го честита 24 Декември - Денот за независност на Либија.

Акар рече: „Успеавте да постигнете големи работи, Иншаллах (со Аллахова помош-поддршка) нашите либиски браќа ќе продолжат да живеат во спокојство, доверба и мир.“

Либискиот министер за внатрешни работи Фетхи Башага изрази задоволство од тоа што ги дочекува министерот за национална одбрана Хулуси Акар и командниот врв во негова придружба. 

Башага рече: „Вие сте наши браќа.“

Двајцата министри, либискиот министер за внатрешни работи Фетхи Башага и министерот за национална одбрана Хулуси Акар во придружба и на командниот врв, го прошетаа центарот за обука.

 



Слични вести