Денеска се отвора првата фабрика на Турција за производство на литиум

На денешната церемонија на официјално отворање на фабриката претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе учествува преку видео-конференција, а на програмата на свеченото отворање ќе присуствува и министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез

1552231
Денеска се отвора првата фабрика на Турција за производство на литиум

Денеска со церемонија во постројките на „Ети Маден“ во населеното место Сејитгази во градот Ескишехир, свечено ќе биде отворена првата фабрика на Турција за производство на литиум карбонат.

За прв пат во Турција од рудата бор од домашно производство ќе се произведува литиум како елемент кој се користи кај сите електричните возила, а пред се кај домашниот автомобил на Турција на Иницијаторската група за автомобил на Турција (ТОГГ или TOGG), кај мобилните телефони и батериите на електричните уреди.

На денешната церемонија на официјално отворање на фабриката претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе учествува преку видео-конференција, а на програмата на свеченото отворање ќе присуствува и министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез.

Во фабриката во прва етапа ќе се произведува годишно 10 тони литиум. 

Потоа капацитетот на фабриката се планира да достигне до годишно производство на 600 тони литиум.

 



Слични вести