Започнаа летовите со специјална дозвола од Велика Британија за Турција
Според објавеното соопштение од Амбасадата на Турција во Лондон, летовите ќе бидат наменети само за турските државјани и странските државјани кои имаат дозвола за престој во Турција

Започнаа авионските летови со специјална дозвола од Велика Британија за Турција, за турските државјани и странските државјани кои располагаат со дозвола за престој во Турција.
Според објавеното соопштение од Амбасадата на Турција во Лондон, летовите ќе бидат наменети само за турските државјани и странските државјани кои имаат дозвола за престој во Турција.
Патниците откако ќе пристигнат во Турција ќе бидат подложени на тестирање од новиот тип коронавирус (Ковид-19) и во текот на 7 дена ќе бидат во карантин (самоизолација).
Авионските билети за летовите со специјална дозвола ќе можат да се купат директно од авиокомпаниите од чија страна ќе бидат реализирани летовите.
Инаку, по појавата на нова мутирана варијанта на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Велика Британија со поголема брзина на ширење Турција воведе ограничување за патувањата за и од оваа земја.