Турција објави нов „NAVTEX“ против грчките провокации во Егејското Море

И покрај напорите на Турција за дијалог со цел намалување на тензијата, Грција продолжува да презема чекори во спротивност со меѓународното право и меѓународните договори

1551930
Турција објави нов „NAVTEX“ против грчките провокации во Егејското Море

Турција објави навигациска информација (поморска предупредувачка белешка) „NAVTEX“ во врска со островот Ипсара (грчки Псара), во северниот дел на Егејското Море.

И покрај напорите на Турција за дијалог со цел намалување на тензијата, Грција продолжува да презема чекори во спротивност со меѓународното право и меѓународните договори.

Властите во Атина не го почитуваат и го сметаат за ништовен демилитаризираниот статус и на островот Ипсара  во Егејското Море.

Турција на овие провокации на Грција во Егејското Море одговори со објавување на нова навигациска информација (поморска предупредувачка белешка) „NAVTEX“.

Во овој издаден „NAVTEX“ се нагласува дека се прекршува демилитаризираниот статус на островот Ипсара (грчки Псара), утврден согласно Мировниот договор од Лозана од 1923 година.



Слични вести