Турција го поздрави постигнатиот компромис во преговорите за Брегзит меѓу ЕУ и Велика Британија

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека овој договор ќе ѝ обезбеди на Турција нови можности и од аспект на нејзините односи со ЕУ и од аспект на  Велика Британија

1552054
Турција го поздрави постигнатиот компромис во преговорите за Брегзит меѓу ЕУ и Велика Британија

Турција аоопшти дека со задоволство го дочекува постигнатиот компромис (вчера) во преговорите во врска со иднината на односите меѓу Европската унија (ЕУ) и Велика Британија, по Брегзит (излезот на Велика Британија од ЕУ).

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворшени работи се истакнува дека  овој договор ќе ѝ обезбеди на Турција нови можности и од аспект на нејзините односи со ЕУ и од аспект на  Велика Британија, а воедно се подвлекува дека Турција располага со блиски односи со Велика Британија во сите сфери, а истовремено е земја кандидат за членство во Европската унија (ЕУ) и земја која е членка на Царинската унија со ЕУ.

Во соопштението се вели следното: „Го дочекуваме со задоволство постигнатиот договор во преговорите во однос на иднината на односите меѓу Обединетото Кралство и Европската Унија (ЕУ), по Брегзит.“ 

Освен тоа во соопштението се додава дека во тие рамки е дојдено до последната фаза и во подготовките за потпишување на Договорот за слободна трговија помеѓу Велика Британија и Турција.



Слични вести