Претседателот Ердоган: Ќе дадеме поддршка на секој обид за технолошка трансформација и зголемување на извозниот капацитет

Претседателот Ердоган истакна дека ќе продолжи да се поддржува секој вид обид за технолошка трансформација и зголемување на извозниот капацитет на Турција

1551982
Претседателот Ердоган: Ќе дадеме поддршка на секој обид за технолошка трансформација и зголемување на извозниот капацитет

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган испрати видео порака на манифестацијата "Недела на иновацијата во Турција" која се одржува од 2012 година во координација на Собранието на извозниците на Турција при Министерството за трговија и оваа година се одржува на 25 и 26 декември.

Претседателот Ердоган во оваа пригода истакна дека ќе продолжи да се поддржува секој вид обид за технолошка трансформација и зголемување на извозниот капацитет на Турција.

Нагласувајќи дека поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) човештвото поминува низ од секој аспект тежок, а уште толку и различен период, Ердоган рече: „Нашите фирми во епидемискиот период се истакнаа со своите квалитетни производи, конкурентните цени, а позначајно од се со својата доверливост. Меѓународните  фирми се усмерија кон нови потраги за создавање алтернатива за мрежата за производство со центар во Азија. Во овие потраги, Турција со нејзината индустрија, производствениот капацитет, конкурентните цени, квалификуваната работна сила, географската местоположба, силната здравствена и транспортна инфраструктура, е дојдена во положба на една од најпривлечните земји.“

Претседателот Ердоган својот говор го продолжи со следните зборови: „Нашата економија која во вториот квартал од годината под влијание на епидемијата се стесни, во третиот квартал со силно опоравување оствари раст од 6,7 отсто. Со овој процент станавме најбрзорастечка земја во светот. На ист начин, реализиравме убав почеток и во последниот квартал од годината. Во месец октомври, индустриското производство на годишна база оствари раст од 10,2 отсто, додека растот во производствената индустрија достигна до 11 отсто. Процентот на искористување на капацитетот на производствената индустрија во октомври се зголеми на 75,4 отсто, а во ноември на ниво од 75,8 отсто. Годишниот раст во вкупниот индекс на промет во индустрискиот, градежниот, трговскиот и услужниот сектор во октомври изнесува 31 отсто. Нашиот извоз пак, во октомври и ноември е остварен на ниво од 16-17 милијарди долари.“

Осврнувајќи се и на тоа дека особено фирмите кои работат фокусирани на извозот го проширија својот спектар на муштерии и производи, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Иншаллах (со Аллахова помош-поддршка) откако ќе се намалат влијанијата на епидемијата општо во светот и се ќе дојде на свое место, ќе се зголеми и брзината на овој интензитет што го долови нашата земја. Турција ќе излезе уште посилна од овој период во секоја сфера од извозот до производството, од туризмот до одбранбената индустрија.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека и покрај епидемиските услови Турција во периодот јануари-ноември оствари извоз во висина од 152 милијарди долари.

 



Слични вести