Претседателот Ердоган го прими министерот за правда на Сомалија Абдулкадир Мохамед Нур

Министерот за правда на Сомалија Абдулкадир Мохамед Нур дипломира меѓународни односи на Факултетот за политички науки при Анкарскиот Универзитет, со стипендија добиена од Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB)

1551548
Претседателот Ердоган го прими министерот за правда на Сомалија Абдулкадир Мохамед Нур

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го прими министерот за правда на Сомалија Абдулкадир Мохамед Нур.

Приемот во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, траеше 40 минути.

Министерот за правда на Сомалија Абдулкадир Мохамед Нур, дипломира меѓународни односи на Факултетот за политички науки при Анкарскиот Универзитет, со стипендија добиена од Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB).

Потоа откако се врати во својата земја, Абдулкадир Мохамед Нур беше назначен за министер за правда на Сомалија.



Слични вести