Мевлут Чавушоглу разговараше телефонски со новата генерална секретарка на ОБСЕ Хелга Шмит
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу разговараше телефонски со новата генерална секретарка на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) Хелга Шмит на која и честиташе за изборот на оваа должност

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со новиот генерален секретар на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) Хелга Шмит.
Според добиени информации од дипломатски извори, министерот Чавушоглу во телефонскиот разговор и честита на германската дипломатка Хелга Шмит, по повод нејзиниот избор за нов генерален секретар на ОБСЕ.
На 27. состанок на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) што се одржа на 4 декември во главниот град на Албанија, Тирана, едногласно со гласовите на земјите членки беа избрани новите четворица високи функционери на ОБСЕ меѓу кои се наоѓа и Хелга Шмит.
Лицата кои беа предложени за четирите високи позиции на ОБСЕ беа назначени едногласно од страна на 57 земји членки.
Според тоа, за генерален секретар на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) е избрана германската дипломатка Хелга Шмит, генералната секретарка на сервисот за надворешни односи на Европската унија (ЕУ) која е позната во јавноста од иранските нуклеарни преговори.
За претставник за слобода на медиумите е избрана португалската дипломатка Тереса Рибеиро, а Италијанецот Матео Мекаки е избран за директор на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ODIHR), како една друга значајна единица во склопот на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).
За висок комесар за национални малцинства на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) пак, е избран казахстанскиот дипломат Каират Абдрахманов.