Хулуси Акар: Домашното и националното производство во одбранбената индустрија го зголемивме на 70 отсто

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека домашното и националното производство во одбранбената индустрија е зголемено на 70 отсто

1552097
Хулуси Акар: Домашното и националното производство во одбранбената индустрија го зголемивме на 70 отсто

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар преку видео-конференција испрати порака на манифестацијата „Недела на иновацијата во Турција“ организирана од страна на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ).

Акар истакна дека Турција која набавуваше од странство дури и пешадиска пушка, денеска самата ги произведува дури и своите сопствени бродови.

Велејќи дека се остварени значајни постигнувања речиси во секоја сфера  а чело со одбранбената индустрија, министерот Акар рече: „Нашиот процент во домашното и националното производство во одбранбената индустрија успеавме да го зголемиме на ниво од 70 отсто. Додека во минатото ја набавуваме од странство дури и нашата пешадиска пушка, денеска сме дојдени на ниво на дизајнирање, изградба, производство и извоз на нашите национални пешадиски пушки, нашите сопствени воени бродови, нашите фрегати, нашите наоружани и ненаоружани беспилотни летала, нашите хаубици Фиртина, нашите повеќецевни ракетни фрлачи, нашите хеликоптери Атак, нашата умна чувствителна муниција.“

Акар појасни дека радарските и електронските борбени системи, ракетите, рачните минофрлачи и другата муниција ја зајакнуваат уште повеќе армијата во операциите внатре во земјата и надвор преку границата. Освен тоа, истакна дека интензивно продолжуваат и активностите во врска со националниот борбен авион, противвоздушно одбранбениот систем Сипер, амфибискиот нападен брод Анадолу.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар потсети дека во скоро време успешно се реализирани тестирањата и на првиот национален хеликоптерски мотор TS1400.

„Верувам дека со потта на нашиот човек и со врвните напори (постигнувања) на нашите извозници, ќе достигнеме до целта да станеме земја која дава надворешен трговски суфицит.“ - заклучи Акар. 

 



Слични вести