Ердоган: Во прва етапа нашиот процес ќе го водиме заедно со вакцините од Кина и Германија

Претседателот Ердоган: Во прва етапа нашиот процес ќе го водиме заедно со вакцините од Кина и Германија

1551947
Ердоган: Во прва етапа нашиот процес ќе го водиме заедно со вакцините од Кина и Германија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на излегување од џума намаз (петочната молитва) од Џамијата Омер Озтурк во Ускудар, во Истанбул одговараше на прашањата на новинарите во врска со актуелниот дневен ред. 

Во врска со вакцината против Ковид-19, претседателот Ердоган истакна дека како што изјави и претходно Тој лично ќе се вакцинира против новиот тип коронавирус (Ковид-19). 

„Во прва етапа нашиот процес ќе го водиме заедно со вакцините коишто ќе пристигнат од Кина и Германија. Јас ионака на излегување од еден џума намаз од Џамијата Ајасофија изјавив дека ќе се вакцинирам. Ги повикувам сите мои граѓани на ист начин да покажат чувствителност по ова прашање.“ - рече претседателот Ердоган. 

Во врска со односите на Турција со Русија, претседателот Ердоган рече: "Кога ќе погледнеме кон нашиот взаемен трговски обем, чекориме со иста одлучност кон нашите цели и верувам дека ќе чекориме. Посакувам односите коишто ги водиме со Русија досега да ги продолжиме на ист начин."

Претседателот Ердоган на едно поставено прашање во врска со односите со Израел, истакна дека тие продолжуваат во сферата на разузнавањето и го рече следното: „Ние ионака не ги прекинавме нашите односи со Израел во точката на разузнавањето, тие продолжуваат. Овде, доживуваме одредени проблеми со личности кои се наоѓаат на најврвна точка. Политиката на Израел кон Палестина е нашата црвена линија. Не е можно да ги прифатиме ставовите на Израел кон териториите на Палестина.“

 



Слични вести