Во Турција за еден ден од Ковид-19 починаа 254 лица, регистрирани се 18.102 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 254 лица, регистрирани се 3.218 новозаболени, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 18.102

1551438
Во Турција за еден ден од Ковид-19 починаа 254 лица, регистрирани се 18.102 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 254 смртни случаи.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна вкупно 19.115 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 195.675 тестирања од кои се дијагностицирани 3.218 новозаболени.

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 18.102 лица.

Заврши лекувањето на уште 33.985 лица, со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 1 милион 935 илјади 292 лица.

Од друга страна, министерот за здравство Фахреттин Коџа во дадената изјава по состанокот со Научниот совет информира дека порачаните вакцини од Кина ќе бидат испратени од оваа земја на 27 декември, во недела вечер.

Велејќи дека се сигурни во тоа оти оваа вакцина ќе биде ефикасна кај турските граѓани, Коџа соопшти дека во првата фаза се има за цел да бидат вакцинирани 9 милиони лица.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа ја даде и информацијата дека продолжуваат работите во врска со домашната вакцина коишто влеваат надеж.

 



Слични вести