Сојлу: Во подрачјето на градот Ван е започната нова антитерористичка операција „Молња-17 Беста“

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу информира дека вчера во подрачјето на градот Ван е започната нова антитерористичка операција „Молња-17 Беста“ (Yıldırım-17 Besta) во која учествуваат 3.251 припадник на безбедносните сили

1551136
Сојлу: Во подрачјето на градот Ван е започната нова антитерористичка операција „Молња-17 Беста“

Во подрачјето на градот Ван е започната нова антитерористичка операција „Молња-17 Беста“ (Yıldırım-17 Besta) во која учествуваат 3.251 припадник на турските безбедносни сили.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во главниот град Анкара учествуваше на „Состанокот за вреднување со началниците на полицијата на градовите“.

Во оваа пригода министерот Сојлу ја сподели најновата ситуација во борбата против тероризмот во врска со што информира дека вчера во подрачјето на градот Ван е започната нова антитерористичка операција „Молња-17 Беста“ (Yıldırım-17 Besta) во која учествуваат 3.251 припадник на безбедносните сили.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу им посака успех на безбедносните сили во борбата против тероризмот и го рече следното: „Се наоѓаме на сред зима, но нашите јунаци ниту за момент не се излезени од теренот.“



Слични вести