Собранието на Турција донесе одлука за прогласување на 2021 година за „Година на националната химна“

Со потписот на петте политички партии во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) е донесена одлука за прогласување на 2021 година за „Година на Националната химна“

1551162
Собранието на Турција донесе одлука за прогласување на 2021 година за „Година на националната химна“

Со доставен заеднички предлог со потпис на претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп и на петте политички партии на пленарната седница на Собранието е одлучено 2021 година да биде „Година на Националната химна“. 

На одржаната пленарна седница на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) на предлогот првиот потпис го стави претседателот на Собранието Мустафа Шентоп, а потоа следеа потписите на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата), Републиканската народна партија (ЏХП), Партијата за национално движење (МНП), Демократската партија на народите (ХДП) и Партијата ИЈИ.

На тој начин беше усвоена одлуката 2021 година да биде „Година на Националната химна“.

Во текот на 2021 година, од страна на сите јавни институции и организации со цел да се објаснат значењето на Националната химна и Борбата за слобода со учество на народот и цивилните организации ќе бидат одржани манифестации по повод усвојувањето на Националната химна и сеќавање на националниот поет Мехмет Акиф Ерсој.

Во образложението на предлогот се истакнува дека Националната химна е монументално дело на големиот поет и човек од кауза Мехмет Акиф Ерсој, која ги презентира духот и одлучноста на Националната борба која продолжува на сите четири страни на Анадолија, а истовремено и придава воодушевување и радост на таа голема борба.

Во образложението се нагласува дека Националната химна е еп на еден отпор кој не се покорува пред суровиот, окупаторот и експлоатaторот и му се спротивставува на светот. 

Се наведува дека стиховите на Мехмет Акиф Ерсој го претставуваат духот na Националната  борба, воодушевувањето и возбудата коишто живеат во секој момент не само на збор, туку со своето значење и праведноста.

 



Слични вести