Претседателот Ердоган му го честита 59-от роденден на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, претседателот Ердоган го побара по телефон азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и му го честита 59-от роденден, посакувајќи му здрав, спокоен и долг живот

1551345
Претседателот Ердоган му го честита 59-от роденден на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, претседателот Ердоган го побара по телефон претседателот Илхам Алиев и му го честита 59-от роденден.

Ердоган му посака на Алиев здрав, спокоен и долг живот со неговото семејство и неговиот народ.

Велејќи дека напорите коишто ги вложи Алиев освен за просперитетот и развојот на неговата земја се од историско значење и за мирот и стабилноста во регионот, претседателот Ердоган му се заблагодари на Алиев за неговите придонеси за развојот на турско-азербејџанските односи.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган изрази уверување дека братството и солидарноста помеѓу Турција и Азербејџан ќе продолжат да се унапредуваат со нивно зајакнување во секое поле.

 



Слични вести