Претседателот Ердоган им го честита Божиќ на сите граѓани од христијанска вероисповед

Претседателот Ердоган објави порака во која им го честита Божиќ на сите граѓани од христијанска вероисповед

1551129
Претседателот Ердоган им го честита Божиќ на сите граѓани од христијанска вероисповед

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака во која им го честита Божиќ на сите граѓани од христијанска вероисповед.

Претседателот Ердоган истакна дека териториите на кои живеат турските граѓани илјада години како се татковина на мирот, спокојството и луѓето од доверба, а исто така се домаќин на една древна цивилизација во која се земаат за основа почитувањето и љубовта, без правење на никаква верска, јазична, расна и секташка разлика.

„Ние како припадници на оваа неприкосновена древна цивилизација, различните култури во нашиот регион ги оценуваме како беспримерно богатство, ретки предмети на нашиот мозаикот на нашата цивилизација. Онака како што живеевме во единство и соживот во државите кои ги формиравме низ историјата, онака како што ги изградивме нашите територии, така и денеска и во иднина, сметајќи ги за богатство нашите разлики, ќе бидеме истрајни со взаемно почитување да изградиме една попросперитетна иднина.

Празникот Божиќ којшто го слават согласно своите верувања нашите граѓани христијани, припадници на различни секти, традиции и цркви на христијанството, посакувам да стане повод за развој на климата (средината) на солидарност во Турција. Со овие мои чувства и мисли на чело на нашите граѓани христијани, како и на целиот христијански свет, уште еднаш им го честитам Божиќ, им посакувам спокојство, радост и благосостојба.“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во пораката со честитка по повод Божиќ. 

 



Слични вести