„Оруч Реис“ во текот на 6 месеци ќе врши истражувања во Источниот Медитеран кај заливот на Анталија

По објавената нова навигациска информација (поморска предупредувачка белешка) „NAVTEX“ за активностите коишто ќе ги реализира во Источниот Медитеран до 15 јуни 2021 година, бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ отплови од пристаништето на Анталија

1551294
„Оруч Реис“ во текот на 6 месеци ќе врши истражувања во Источниот Медитеран кај заливот на Анталија

Бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ отплови од пристаништето на Анталија за продолжување на своите активности во Источниот Медитеран.

Како што е соопштено „Оруч Реис“ во текот на 6 месеци ќе реализира сеизмички истражување во Источниот Медитеран во близина на заливот на Анталија. 

Бродот „Оруч Реис“ откако ги заврши своите дводимензионални (2B) сеизмички истражувања во зоната Демре на 30 ноември се врати во пристаништето на Анталија кадешто ги реализира своите рутински работи за одржување и достава на гориво.

По објавената нова навигациска информација (поморска предупредувачка белешка) „NAVTEX“ за активностите коишто ќе ги реализира во Источниот Медитеран до 15 јуни 2021 година, бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ отплови од пристаништето на Анталија. 

Од пристаништето отпловија и бродовите „Атаман“ и „Џенгизхан“ кои ќе го придружуваат бродот „Оруч Реис“ во неговите активности во регионот.

Инаку, бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ на чело со пребарувања на природни ресурси во континенталниот гребен може да реализира секој вид геолошки, геофизички, хидрографски и океанографски истражувања.

На бродот „Оруч Реис“ кој е едниот од ретките целосно опремени и повеќе наменски бродови за истражување можат да се вршат воедно и дводимензионални и тродимензионални сеизмички, гравитациски и магнетни геофизички истражувања во морето. 

„Оруч Реис“ може да реализира тродимензионални сеизмички операции на длабочина до 8.000 метри и дводимензионални сеизмички операции на длабочина до 15.000 метри во морето.

 



Слични вести