Министерот Чавушоглу во Дака се состана со премиерката на Бангладеш Шејх Хасина
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на своите средби и разговори во главниот град на Бангладеш, Дака, се состана со премиерката Шејх Хасина

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека во Дака, главниот град на Бангладеш кадешто престојува во посета, во рамките на своите овдешни средби и разговори, остварил средба и со премиерката Шејх Хасина.
Чавушоглу во својата објава го напиша следното: „На премиерката Шејх Хасина и ѓи доставивме поздравите на нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган Благодарам за поддршката за изградба на зградата на нашата Амбасада. Бангладеш кој со својот одржлив развој е ѕвезда во подем на Јужна Азија, исто така е едниот од најзначајните партнери на нашата иницијатива 'Повторно Азија'.“
Мевлут Чавушоглу во својата споделена објава нагласи дека Турција во склопот на иницијативата „Повторно Азија“ како приод на мултидимензионална надворешна политика на Турција, му придава големо значење на зголемувањето на дијалогот меѓу Турција и азиските земји во сферите на трговијата, инвестирањето, образованието, одбранбената индустрија, технологијата, културата и политиката.
„Со приодот 'Повторно Аџија' се има за цел се разноликува географската распределба на финансиските инвестиции на Турција, да се прошири трговскиот капацитет на приватниот сектор, да се развие академската соработка и да се зголеми социјалната интеракција. Бангладеш, со својата економија и младото население се истакнува како еден од клучните партнери во Иницијативата Нова Азија.“ - истакна министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Слични вести

Чавушоглу: „Зависно од случувањата може да постигнеме договор со Египет“
Египет продолжува да го почитува нашиот континентален гребен и ние тоа го прифаќаме позитивно