Претседателот Ердоган: Становите коишто ќе ги изгради ТОКИ се новото обележје на турско-албанското пријателство

Претседателот Ердоган истакна дека становите коишто ќе ги изгради Управата за колективни станови ТОКИ за настраданите кои останаа без своите домови за време на земјотресот на 26 ноември во градот Драч, се новото обележје на турско-албанското пријателство

1550618
Претседателот Ердоган: Становите коишто ќе ги изгради ТОКИ се новото обележје на турско-албанското пријателство

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со поврзување преку линк во живо од претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, учествуваше на церемонијата на поставување на камен темелникот на 522 станови коишто ќе бидат изградени во Албанија, од страна на Управата за колективни станови ТОКИ во склопот на Министерството за животна средина и урбанизам.

Претседателот Ердоган истакна дека новоизградените станови во најскоро време ќе им бидат предадени на настраданите кои останаа без своите домови за време на земјотресот што го погоди градот Драч и пошироката околина на 26 ноември.

Тој истакна дека становите коишто ќе ги изгради Управата за колективни станови ТОКИ се новото обележје на турско-албанското пријателство

Претседателот Ердоган нагласи дека проектот ќе придонесе за пријателството помеѓу двете земји и го рече следното: „Овие станови ќе бидат новото обележје на турско-албанското пријателство. Во најскоро време ќе ја завршиме првата етапа за изградба на становите и ќе почнеме да им ги предадеме на нашите браќа кои останаа без своите домови во земјотресот.“

Министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум во говорот што го одржа на церемонијата на поставување на камен темелникот, истакна дека становите коишто ќе бидат изградени уште повеќе ќе го зајакнат пријателството и братството помеѓу двете земји со минато од стотици години.

Мурат Курум информира дека становите за настраданите во земјотресот ќе бидат предадени по 8 месеци.

Инаку, градот Драч на оддалеченост од 30 колометри од главниот град на Албанија, Тирана, на 26 ноември во 03:54 часот по локално време беше погоден од земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер.

Во земјотресот животот го загубија 28 лица.

 



Слични вести