Оруч Реис до 15 јуни 2021 на задача

Оруч Реис, еден од ретките и целосно опремени и повеќенаменски истражувачки бродови, може да изврши 2 и 3 димензионални сеизмички, гравитациони и магнетни геофизички истражувања.

1550269
Оруч Реис до 15 јуни 2021 на задача

 

Новиот Навтекс (најава за морнарите), кој ќе трае до 15 јуни 2021 година, е објавен за областа каде што ќе делува бродот за сеизмички истражувања Оруч реис во Источниот Медитеран.

Според најавата, бродовите Атаман и Џенгизхан ќе продолжат да ги придружуваат бродот за сеизмички истражувања Оруч Реис во Источен Медитеран за време на истражувањата, кои се продолжени до 15 јуни 2021 година.

Претходно беше објавено дека Оруч Реис до 29 ноември 2020 година ќе истражува во регионот.

Бродот за сеизмички истражувања Оруч Реиз може да врши секакви геолошки, геофизички, хидрографски и океанографски истражувања, особено истражување на природните ресурси.

Оруч Реис, еден од ретките и целосно опремени и повеќенаменски истражувачки бродови, може да изврши 2 и 3 димензионални сеизмички, гравитациони и магнетни геофизички истражувања.

Бродот може да изврши тродимензионални сеизмички истражувања на длабочина до 8 илјади метри и дводимензионални сеизмички операции на длабчина до 15 илјади метри.



Слични вести